Агенти на Тајната служба попладнево ги евакуираа новинарите од салата за брифинзи во Белата куќа откако полицијата во Вашингтон по телефон примила закана за бомба.
Евакуацијата го прекина брифингот што во моментот го држеше портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. Полицијата употреби кучиња-трагачи, по што новинарите се вратија во салата и брифингот продолжи.
Претходно,полицијата ги евакуираше учесниците на сенатски распит за безбедноста во воздушниот сообраќај поради закана со сомнителен пакет во зградата Дирксен, каде што се наоѓаат сенатски канцеларии. Полицијата пребара неколку спрата на зградата, но не најде опасен материјал.
Портпаролот на Белата куќа Ернест кажа дека не знае дали двете закани се поврзани.