Линкови за пристапност

Сајок подготвувал пакети со експлозивни направи за повеќе од 100 лица


Листата вклучувала и новинари и лица од шоу бизнисот, објави Ен-Би-Си

Официјални претставници на американското законодавство велат дека Сезар Сајок, кој што беше обвинет за испраќање на најмалку 13 пакети со експлозивни направи до демократи, вклучувајќи го и поранешниот претседател Барак Обама и критичари на претседателот Доналд Трамп, имал листа на повеќе од 100 други потенцијални цели.

Според американски новински извештаи, властите веруваат дека Сајок делувал според листата, за која телевизиската мрежа на Ен-Би-Си објави дека вклучувала и новинари и лица од шоу бизнисот.

По првото појавување на суд на 56-годишниот Сајок вчера во Мајами, Флорида, судијата закажа уште едно сослушување за в петок, за тоа дали да го ослободи во очекување на судскиот процес, и дали да го предаде случајот на судот во Њујорк.

Ниту еден од пакетите со експлозивни направи не експлодираше.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG