Линкови за пристапност

САД со предупредување до Русија за делумните избори во ноември


САД ќе ги преземат сите неопходни чекори доколку дојде до мешање на Русија во делумните избори во ноември

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, рече дека го предупредил својот руски колега да не се меша во делумните избори кои треба да се одржат во ноември.

Болтон јасно ставил до знаење дека САД се „подготвени да преземат неопходни чекори за да го спречат тоа“.

Тој имаше свое обраќање на прес-конференција во Женева, каде воедно се сретнал и со директорот на рускиот совет за национална безбедност, Николај Патрушев.

Болтон рече дека ваквиот проблем, довел до неиздавање на заедничка изјава по завршувањето на состанокот, првиот состанок на високо ниво откако американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин минатиот месец имаа средба во Хелсинки.

САД веќе воведоа економски санкции против Русија поради нејзиното мешање во претседателските избори во 2016-тата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG