Линкови за пристапност

Новата книга на Болтон открива дека Трамп побарал да се запре воената помош за Украина, објави Њујорк тајмс


Претседателот го одби објаснувањето на поранешниот советник за национална безбедност во серија реакции на Твитер

Адвокатите на Доналд Трамп денес продолжуваат со одбрана на претседателот пред Сенатот. Демократите, пак, повторно побараа да се повикаат сведоци на сослушување, откако Њујорк тајмс објави дека поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, во неговата нова книга, открил оти Трамп побарал да се повлече воената помош за Украина додека не се отворела истрага против демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

Претседателот го одби објаснувањето на Болтон во серија реакции на Твитер.

„Никогаш не му кажав на Џон Болтон дека помошта за Украина е поврзана со истарага против демократи, вклучувајќи го и Бајден. Всушност, тој никогаш не се пожали за ова. Ако Џон Болтон ко кажал ова, тоа е само за да ја продаде кингата“, напиша Трамп.

Болтон замина од функцијата во септември, и рече дека би сведочел во постапката за импичмент, ако Сенатот го побара тоа од него.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG