Линкови за пристапност

Ево Моралес – азилант во Мексико


Моралес се повлече во неделата по неколкунеделните масовни протести поради оспорените претседателски избори

Боливискиот претседател Ево Моралес најде прибежиште во Мексико откако му беше даден азил. Тој објави дека бил сменет од власта со државен удар.

Мексиканскиот министер за надворешни односи Марсело Ебрард објави фотографија од Моралес на воен армиски авион на пат кон Мексико.

Моралес се повлече во неделата по неколкунеделните масовни протести поради оспорените претседателски избори, но оставката од сите наследниците според Уставот, остави енигма, кога и кој ќе ја преземе власта.

На барање од САД, но и од другите држави, вклучувајќи го Бразил, Канада, Колумбија и Перу, Организацијата на Американски Држави (ОАД) денеска треба да одржи итна седница за ситуацијата во Боливија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG