Линкови за пристапност

Ослободени некои од киднапираните девојчиња во Нигерија


Тие се дел од околу 100-те ученички од Владината школа и Технички колеџ во Дапчи, ослободени во средата од милитантите на Боко Харам, без да се даде дополнително објаснување

Десетинa ученички од Нигерија, кои пред еден месец беа киднапирани од нивниот интернат, се вратија кај своите семејства.

Девојките се дел од околу 100-те ученички од Владината школа и Технички колеџ во Дапчи, ослободени во средата од милитантите на Боко Харам, без да се даде дополнително објаснување.

Една од девојките, објаснувајќи зошто некои од нив не успеале да се вратат, кажа дека пет ученички веќе починале и дека тие не биле убиени од Боко Харам, туку од истоштеност и траума.

Нигерискиот министер за информации Лаи Мохамед, кажа дека девојките од нивното училиште биле киднапирани на 19-ти февруари.

Тој кажа дека 100 девојки се ослободени преку други дипломатски канали и со помош на одредени пријатели на државата и тоа е безусловно, без барања на пари.

Следниот месец, се навршуваат четири години откако радикалната исламистичка група киднапираше 276 девојчиња од интернат во градот Чибок.

Во тој напад исчезнаа преку 100 девојчиња, а актот предизвика револт во меѓународната заедница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG