Линкови за пристапност

Ревизијата на Боинг 787 покажа дека е добро дизајниран


Извештајот на Боинг и на Федералната администрација за авијација беше инициран од проблемите со батериите кај Дримлајнерот

Официјални претставници на американската авијација велат дека ревизијата на Боинг 787 Дримлајнер нашла дека дизајнот на авионот е безбеден и покрај проблеи поврзани со батериите што авионот ги имал откако е пуштен во употреба.

Заеднички извештај објавен во среда од Боинг и од Федералната администрација за авијација вели дека авионот е „солидно дизајниран.“ Извештајот дава седум препораки за натамошни подобрувања од страна на Боинг и Администрацијата за авијација.

Ревизијата беше иницирана откако се случи пожар од литиумска батерија пред повеќе од една година на Боинг 787 паркиран на бостонскиот меѓународен аеродром Логан.

Светската флота од 50 Дримлајнери беше приземјена повеќе од три месеци по тој инцидент.
XS
SM
MD
LG