Линкови за пристапност

Авионот бил нестабилен по полетувањето


Флајтрадар24, кој ги следи авионите во реално време, на Твитер објави порака дека етиопскиот авион се движел нестабилно по полетувањето.

Според новинската агенција Ројтерс, двајца сведоци рекле дека виделе чад што доаѓал од задниот дел на авионот пред несреќата.

Според базата на податоци на цивилната авијација, Planespotters, Боингот 737 МАХ 8 бил нов авион, испорачан во ноември.

Жители на најмалку 35 држави ги загубија животите во оваа авионска несреќа.

Менур Нур Мохамед го загуби својот брат Ахмед, кој беше ко-пилот во авионот.

„Јас и мојот брат растевме заедно. Тој не ми беше само брат, туку и пријател“, изјави Мохамед за Гласот на Америка.

За смртта на братот дознал кога од Етиопиан ерлајнс го споменале неговото име.

„Брат ми се јави во саботата за да ми каже дека ќе доаѓа во неделата. Но, не знаев каде лета. Кога дознав за несреќата веднаш се јавив кај неговите пријатели за да дознаам каде е. Се обидував да ги смирам родителите додека од Етиопиан ерлајнс имаа прес конференција“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG