Линкови за пристапност

Сведоци забележале црн чад од авионот пред да се урне


Ништо не може да се исклучи како причина за авионската несреќа во неделата, велат од Етиопиан ерлајнс

Според новинската агенција Ројтерс, двајца сведоци рекле дека виделе чад што доаѓал од задниот дел на авионот пред несреќата.

Пилотот на авионот доби дозвола да се врати на аеродромот откако имаше одредени тешкотии, изјави Теволде ГебреМаријам, шеф на „Етиопиан ерлајнс“.

Извршниот директор на Етиопиан ерлајнс изјави дека ништо не може да се исклучи како причина за авионската несреќа во неделата.

„Етиопиан ерлајнс е една од најбезбедните авиокомпании во светот“, изјави Гебре Маријам за новинарите за време на обиколка на местото на несреќата.

Кина, Индонезија и Кајманските острови ги приземјиа авионите од моделот Боинг 737 МАХ 8.

Жители на најмалку 35 држави ги загубија животите во оваа авионска несреќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG