Најмалку 20 од патниците кои загинаа во авионската несреќа во Етиопија патувале на годишното заседание на Програмата за животна средина на ОН, во глобалното седиште во Најроби, главниот град на Кенија.
Ова е глобална трагедија и Обединетите нации се обединети во тагатаАнтонио Гутереш, генерален секретар на ОН
Знамето на ОН беше на половина копје кога делегатите денеска пристигнале на состанокот.
Собирот во Најроби и отворањето на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк започнаа во знак на оддавање на почит на загинатите.
„Ова е глобална трагедија и Обединетите нации се обединети во тагата. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на сите жртви, до владата и луѓето од Етиопија, и ситепогодени од оваа катастрофа“, рече генералниот секретар Антонио Гутереш во Њујорк.
Facebook Forum