Линкови за пристапност

Директорот на Боинг си поднесе оставка


Главниот извршен директор на воздухопловниот гигант Боинг си поднесе оставка, бидејќи компанијата и натаму се соочува со намалена доверба во авионот 737 Макс.

Денис Мјуленбург се повлекува, по објавата минатата недела дека Боинг ќе го запре производството на авионот 737 Макс. Овој авион беше приземјен низ целиот свет во март по втората несреќа, со што вкупно во двете несреќи загинаа 346 лица.

„Управниот одбор одлучи дека е неопходна промена во раководството за да се врати довербата во компанијата“, се вели во соопштението на Боинг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG