Во 2011-та година, списанието Rolling Stone ја прогласи за „најдобра песна на сите времиња,“ со тоа дополнително зацврстувајќи го статусот на Боб Дилан како еден од највлијателните музичари во американската историја.
„Како тркалачки камен“ (Like a Rolling Stone) била снимена пред 52 години, на 16 јуни, 1965 година. Според критичарите и фановите тоа бил „моментот“ кога рок музиката го презела централното место од американскиот фолк.
Дилан го напуштил својот вообичаен стил со користење на акустичен звук, додавајќи евангелистички аранжман и тврд звук од гитара Телекастер. Тој исто така не ги следел востановените правила за должината на песните - и ја продолжил неговата песна на шест минути.
Влијанието беше неспорно. За фановите на фолк музиката тоа беше предавство. За други, тоа беше ново и позитивно - почеток во американската музика.
Списанието Rolling Stone го оправда значењето на песната со зборовите: „Најизненадувачкото за „Како тркалачки камен“ е што беше без преседан: импресионистички излив на зборовите на Дилан, интензивна лична пројава на неговиот глас...Нема друга поп песна што толку темелно се соочила со предизвикот за трансформирање на правилата и уметничките норми на своето време, засекогаш.“
Рокерот Брус Спрингстин кажа: „ „звучеше како некој да ја отворил вратата на вашиот ум.“
Дилан беше само 24 години кога го промени звукот на американската музика, и продолжи да има многу други врвни, но и контроверзни достигнувања. Една од нив беше и добивањето на Нобеловата награда за литература во 2016-та година.
Facebook Forum