Линкови за пристапност

Блумберг се повлече од трката: Само обединети може да го поразиме Трамп


Mike Bloomberg
Mike Bloomberg

Поранешниот градоначалник на Њујорк Мајк Блумберг излезе од трката за претседателски кандидат од Демократската партија, откако слабо се покажа во 14-те сојузни држави каде во вторникот се одржа прелиминарно гласање.

Отсекогаш сум верувал дека поразувањето на Доналд Трамп започнува со обединување зад кандидат со најдобри шанси да го стори тоа.
Мајк Блумберг

Блумберг доби пет од шесте делегати на Американските острови Самоа и уште три делегати во Колорадо и еден во Арканзас.

„Пред три месеци, влегов во трката за претседател да го поразам Доналд Трамп. Денеска излегувам од трката од истата причина: да го поразам Доналд Трамп - зашто ми стана јасно дека останувањето ќе ја направи таа цел потешка да се постигне.“, рече Блумберг во соопштение во среда. „Отсекогаш сум верувал дека поразувањето на Доналд Трамп започнува со обединување зад кандидат со најдобри шанси да го стори тоа. По вчерашното гласање, јасно е дека тој кандидат е мојот пријател и голем Американец, Џо Бајден“.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден победи во 9 држави вклучувајќи го и Тексас кој одредува голем број на делегати. Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, победи во државата со најмногу делегати, Калифорнија, како и во Колорадо, Јута и неговата домашна држава Вермонт.

XS
SM
MD
LG