Линкови за пристапност

Блинкен вечерва ќе го пречека кинескиот врвен дипломат во Вашингтон, утре ќе се сретне со Бајден


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска пристигна во Вашингтон на средби со високи американски претставници за билатерални и регионални безбедносни прашања - пред евентуалната средба меѓу американско-кинеските лидери следниот месец.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе го пречека Ванг во Стејт департментот на работна вечера по состаноците претходно во текот на денот. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ќе има состанок со него во петок во Блер Хаус во близина на Белата куќа, додека американскиот претседател Џо Бајден се очекува да се сретне со Ванг исто така во петок.

Блинкен претходно се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Пекинг на 19 јуни за време на патувањето за стабилизирање на билатерални врски.

„Овој состанок е во согласност со обврските на двете страни за одржување на овој стратешки канал на комуникација како дел од тековните напори за одговорно управување со односите“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон во соопштението.

Високи функционери од администрацијата на Бајден изјавија дека ќе се разговара за низа прашања, вклучувајќи ја војната на Израел со Хамас, војната на Русија против Украина, кризата со фентанил, Тајван и неодамнешниот судир на брод во Јужното Кинеско Море.

Во меѓувреме, конгресните критичари ја повикаа Кина да ги ослободи незаконски приведените американски граѓани и го осудија кинеското воено однесување во Јужното Кинеско Море.

XS
SM
MD
LG