Линкови за пристапност

Веруваме дека може да соработуваме со Русија, рече Блинкен по средбата со Лавров


Тоа е прва средба лице в лице на американски и руски дипломати и се случува во време на зголемена напнатост меѓу двете земји

САД велат дека се подготвени да соработуваат со Русија за унапредување на областите каде што двете нации имаат „интереси што се вкрстуваат“, притоа продолжувајќи да ги бранат интересите на САД и да одговорат доколку Москва дејствува агресивно против Вашингтон и неговите сојузници.

„Постојат многу области каде што нашите интереси се вкрстуваат и се преклопуваат и ние веруваме дека можеме да работиме заедно и навистина да ги надградуваме тие интереси - без разлика дали станува збор за справување со пандемијата, борбата против климатските промени, справување со нуклеарните програми“ во Иран и Северна Кореја, како и мировниот процес во Авганистан, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се состанаа на маргините на министерската сесија на Арктичкиот совет во Рејкјавик, Исланд.

„Нашата позиција е јасна: Подготвени сме да разговараме за сите прашања на маса со разбирање дека нашите дискусии ќе бидат искрени, фактички и со меѓусебно почитување“, рече Лавров, додавајќи дека е подготвен да разговара за „руските дипломатски мисии во САД и американските дипломатски мисии во Русија “.

Тоа е прва средба лице в лице на американски и руски дипломати и се случува во време на зголемена напнатост меѓу двете земји. Следниот месец е планирана средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

„Блинкен јасно ставил до знаење дека Русија треба да ги ослободи американските граѓани Пол Вилан и Тревор Рид за да можат да се вратат дома кај своите семејства“, рече во изјавата портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, додавајќи дека Блинкен исто така покренал „длабока загриженост“ во врска со продолжените воени распоредувања на Русија во близина на Украина како и здравјето на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Европската енергетска безбедност е на врвот на агендата на САД, бидејќи контроверзниот руски гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија, е при крај.

Во средата, Стејт департментот го објави планот за санкционирање на руски пловни објекти и субјекти вклучени во зградата на Северен поток 2.

Но, САД се откажуваат од санкциите за компанијата, повикувајќи се на национален интерес на САД.

Овој потег се смета за обид за подобрување на односите со Германија. Администрацијата на Бајден се обидува да ги зајакне врските меѓу САД и Германија и трансатлантските односи.

САД предупредуваат за безбедносните ризици на рускиот нафтовод за извоз, особено „Северен поток 2.“ Американските власти изјавија дека доколку тие бидат завршени, тие проекти ќе ја поткопаат европската безбедност и ќе ја зајакнат можноста на Русија да ги користи своите енергетски ресурси за принудување на Европски партнери и сојузници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG