Линкови за пристапност

САД може и да не се вратат во Иранскиот нуклеарен договор, ако нема напредок во преговорите, предупреди Блинкен


Преговарачките страни водат разговори шест недели, а последната рунда индиректни преговори заврши минатата недела, без решение за големите проблеми

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денес предупреди дека немањето привремен договор за мониторинг на иранските нуклеарни активности, би можело да ги поттикне САД да ги напуштат напорите за враќање во нуклеарниот договор.

„Ова останува сериозна грижа. За загриженоста е известен Иран и таа треба да се реши“, рече Блинкен на прес-конференција во Париз.

Меѓународната агенција за атомска енергија, рече дека тримесечниот договор за мониторинг постигнат на 21.февруари, истекол вчера, откако претходно бил продолжен за еден месец.

Агенцијата соопшти дека преговара со Техеран за второ продолжување.

Блинкен, кој е во посета на Париз како дел од патувањето во повеќе држави во Европа, рече дека САД би можеле да одлучат да не се вратат во договорот, ако преговорите во Виена продолжат без прогрес.

Преговарачките страни водат разговори шест недели, а последната рунда индиректни преговори заврши минатата недела, без решение за големите проблеми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG