Линкови за пристапност

Блинкен вети поддршка за Украина против заканите од Русија


Киев би сакал Вашингтон да и обезбеди повеќе воена помош на Украина

Државниот секретар Антони Блинкен имаше една централна порака во Киев: САД стојат заедно со народот на Украина против руската агресија.

„Видовме како се повлекува дел од воената опрема, но има уште многу. Ја следиме ситуацијата многу внимателно и сакаме да се осигураме дека Украина има средства да се брани, да го брани својот суверенитет, да ја брани својата територија“, изјави Блинкен.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му рече на Блинкен дека се уште е загрижен за руската воена закана.

„Сметаме дека намалувањето на руските трупи во близина на границата е бавно, и според тоа, сепак би можело да има закана. Никој не ги сака овие изненадувања“, рече Зеленски.

Киев би сакал Вашингтон да и обезбеди повеќе воена помош на Украина, вклучувајќи опрема за спротивставување на Русија да ги блокира украинските комуникации, системите за противвоздушна одбрана и анти-снајперска технологија.

Блинкен рече дека САД размислуваат за поголема безбедносна помош, но не кажа што точно би вклучувало, или кога таа помош би можела да дојде.

Поранешниот амбасадор Стивен Пифер за Гласот на Америка изјави дека Блинкен носи порака за силна поддршка за Украина од претседателот Џо Бајден.

САД се најмоќниот поддржувач на Киев од почетокот на конфликтот меѓу украинските војници и сепаратистите поддржани од Русија во 2014-та година. Украина вели дека во борбите загинале околу 14 илјади луѓе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG