АП - БРАЗИЛ: Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот објави дека САД имаат намера да обезбедат 200 милиони долари за мултинационалната безбедносна мисија за поддршка на Хаити.
„Ја повикуваме меѓународната заедница да ни се придружи со тоа што ќе придонесе со финансирање, со персонал, со опрема, со логистика, со обука, во оваа мисија“, рече тој на настанот на маргините на министерскиот состанок на Г20 во Рио де Жанеиро.
Тој истакна дека САД обезбедиле „повеќе од 300 милиони долари за храна, чиста вода, за здравствена заштита и друга хуманитарна помош во последните три години“.
Што се однесува на руската агресија врз Украина тој рече дека таа поттикнала последици за земјите и луѓето ширум светот со зголемувањето на цените на храната, зголемувањето на цените на енергијата што ги погоди луѓето, а најмногу поради оваа руска агресија. Сега, успеавме да го решиме тоа на сè поефикасни начини, вклучително и Украина со поттиснување на руската морнарица назад и повторно добивање пристап до Црното Море и непречен извоз на Украина во Црното Море. Но, мислам дека земјите ширум светот го гледаат влијанието што кризата го има врз нив“, рече Блинкен.
За Навални, Блинкен истакна дека фактот што Владимир Путин сметаше дека е неопходно да се прогонува, да се труе и да се затвори еден човек, доволно зборува, не за силата на Русија под Путин, туку за нејзината слабост.
Извор: Асошиетед Прес