Линкови за пристапност

Блинкен патува во Кина да ги стабилизира заладените односи


Антони Блинкен е првиот државен секретар на САД кој го посети Пекинг од 2018 година
Антони Блинкен е првиот државен секретар на САД кој го посети Пекинг од 2018 година

Еден ден пред американската војска да го собори кинескиот балон за набљудување, државниот секретар Антони Блинкен ги одложи своите состаноци во Пекинг и односите меѓу САД и Кина достигнаа ново најниско ниво.

"Одлуката на Кина да лета со набљудувачки балон над континенталните Соединетите Американски Држави е и неприфатлива и неодговорна. За тоа се работи. Тоа е кршење на нашиот суверенитет, тоа е кршење на меѓународното право", рече американскиот државен секретар Антони Блинкен.

По неколку месеци, највисокиот американски дипломат рече дека е од суштинско значење двете земји да одржуваат редовни линии на комуникација.

“Очигледно е во интерес на двете земји. Најопасно е да не се комуницира и како резултат да има недоразбирање и погрешна комуникација'', истакна Блинкен.

Пентагон, исто така, сака Пекинг да одговори на воената телефонска линија за генералите да можат да разговараат за време на инциденти како минатонеделната блиска средба со американски и кинески бродови во Тајванскиот теснец.

Набљудувачите велат дека и покрај тензиите, двете влади се обидуваат да организираат самит во текот на оваа година.

“Двете земји работат на можна средба меѓу Бајден и Ши Џинпинг на состанокот на АПЕК што ќе се одржи во Сан Франциско во ноември, а за да има успешен самит, доколку тоа навистина е на агендата, треба да има многу на подготовка”, вели Бони Глејзер од германскиот Маршалов фонд на САД.

Додека Вашингтон се обидува повторно да го вклучи Пекинг за прашањата за борба против наркотиците и климатските промени, конгресните критичари се скептични дека двете земји можат да имаат суштинска промена во статусот на нивните односи.

XS
SM
MD
LG