Линкови за пристапност

Блинкен од Брисел побара поголема помош за Украина


Eнтони Блинкен за време на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, Белгија, 4 април 2024 година.
Eнтони Блинкен за време на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, Белгија, 4 април 2024 година.

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен во четвртокот рече дека итно е потребна поголема помош за Украина по состаноците со министрите за надворешни работи на НАТО, во услови на зголемена загриженост дека Русија ја гради својата одбранбена индустриска база со поддршка од Кина, Северна Кореја и Иран.

„Врз основа на она што го слушнав денес... сите, вклучително и Соединетите Американски Држави, доколку е потребно, ќе се удвојат во пронаоѓањето на ресурсите што и понатаму ѝ се потребни на Украина“, им рече Блинкен на новинарите по состаноците со министрите за надворешни работи на НАТО во седиштето на алијансата во Брисел.

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен

Додека поединечни членки на НАТО обезбедуваат оружје за Украина, организацијата како целина се концентрираше на обезбедување несмртоносна помош поради страв од ескалација на тензиите со Русија преку подиректно вклучување.

„Повеќе од 30 земји потпишаа или се во процес на преговори за потпишување билатерални договори со Украина, а ние самите, САД, работиме на сопствен билатерален договор“, рече тој.

Eнтони Блинкен и Дмитро Кулеба
Eнтони Блинкен и Дмитро Кулеба

Претходно во четвртокот, Блинкен се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Брисел, каде што двајцата разговараа за ситуацијата на бојното поле и начините за зајакнување на енергетскиот сектор на Украина.

САД ќе бидат домаќини на самитот на НАТО во Вашингтон од 9-ти до 11-ти јули.

„Украина ќе стане членка на НАТО“, рече Блинкен. „Нашата цел на самитот е да помогнеме да се изгради мост до тоа членство и да се создаде јасен пат за Украина да оди напред“, додаде тој.

За време на прес-конференцијата во четвртокот, Блинкен, исто така, ја подвлече итноста на акцијата на американскиот конгрес за гласање помош за Украина.

Американски Конгрес
Американски Конгрес

Конгресот допрва треба да го одобри барањето за дополнителен буџет на администрацијата на Бајден, со кое ќе се снабдат вооружените сили на Украина и ќе и помогнат на земјата да се одбрани од руските офанзиви.

Претседателот Џо Бајден го повика Претставничкиот дом на САД, предводен од републиканците, да го одобри пакетот за воена и финансиска помош.

Републиканците во Претставничкиот дом ја одложија акцијата, давајќи им приоритет на домашните прашања.

XS
SM
MD
LG