Линкови за пристапност

Блинкен ќе зборува за кинеската помош на Русија за време на посетата на Пекинг


САД ја предупредија Кина да не ги помага воените напори на Москва по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“
САД ја предупредија Кина да не ги помага воените напори на Москва по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на претстојната посета на Кина се очекува да ја искаже загриженоста на САД оти Пекинг ѝ помага на Русија да ја изгради својата одбранбена индустриска база за да се бори против војната во Украина, изјави денес портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

САД ја предупредија Кина да не ги помага воените напори на Москва по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“.

„Она што го видовме во текот на изминатите месеци е дека има материјали кои се префрлаат од Кина во Русија што Русија ги користела за обнова на таа индустриска база и производство на оружје што се појавува на бојното поле во Украина“, рече Милер на брифингот со новинарите.

„И ние сме неверојатно загрижени за тоа“.

Американските власти минатата недела ги информираа новинарите за материјалите што Кина ѝ ги дава на Русија, вклучително и беспилотни летала и ракетна технологија, сателитски снимки и машински алати, кои не можат да обезбедат смртоносна помош, но ѝ помагаат на Русија да ја изгради својата војска за да ја одржи својата двегодишна војна во Украина.

Портпаролот на кинеската амбасада минатата недела изјави за Ројтерс дека Кина не е страна во украинската криза и дека нормалната трговија меѓу Кина и Русија не треба да се меша или ограничува.

Претседателот Џо Бајден го покрена ова прашање со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во телефонски разговор претходно овој месец, по што американските власти соопштија дека Блинкен ќе отпатува во Кина во наредните недели.

Детали за патувањето на Блинкен се` уште не се објавени.

„Сигурно може да очекувате дека тоа е прашање што би се очекувало тој да го постави“, рече Милер.

Блинкен го покрена прашањето со министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел претходно овој месец и исто така ќе разговара за тоа кога ќе се сретне со колегите од групата наредни економии (Г7) во Италија оваа недела, додаде тој.

XS
SM
MD
LG