Линкови за пристапност

За ден или два ќе се знае дали ќе продолжат нуклеарните разговори со Иран, рече Блинкен


Официјалните лица на САД го зголемуваат притисокот врз Иран за да се постигне напредок во обновата на договорот од 2015 година, со кој се ограничи иранската нуклеарна програма. Тие велат дека во рок од неколку дена ќе утврдат дали Техеран е сериозен во преговорите со светските сили во Виена.

„Ќе дознаеме многу брзо, мислам во следниот ден или два, дали Иран е сериозен или не“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен за новинарите пред вчера да замине од Стокхолм.

САД и Иран ги продолжија индиректните преговори во Виена во понеделникот, со други држави како посредници.

Преговарачите на САД и Иран претходно одржаа пет индиректни разговори во Виена од април до јуни, кога Иран ги прекина преговорите пред претседателските избори тој месец.

Администрацијата на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп се откажа од договорот во 2018 година, велејќи дека тој не е доволно строг кон Иран и ги врати санкциите.

Претседателот Џо Бајден, пак, рече дека сака повторно да го почитува договорот, доколку Иран го стори истото.

Блинкен, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека „ние нема да прифатиме статус кво на Иран да ја гради својата (нуклеарна) програма од една страна и да ги одолговлекува разговорите од друга страна. Тоа нема да трае“, рече Блинкен.

Ова е првпат Блинкен или кој било друг функционер од администрацијата на Бајден јавно да објави толку специфична и кратка временска рамка за проценка на преговарачката позиција на Иран, по неколку месеци одбивање да го стори тоа, истовремено велејќи дека времето е кратко.

Дел од информациите се преземени од агенциите Франс-прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG