Линкови за пристапност

Блинкен и Мицотакис разговарале за стабилноста во источниот Медитеран

Секретарот го повтори правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право, соопшти портпаролот на Стејт департментпт Метју Милер (Фото: Ројтерс - Од посетата на Блинкен на Грција во февруари годинава)

Државниот секретар Eнтони Блинкен и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес разговарале за тековната ситуација на Блискиот Исток и за важноста да се решат хуманитарните страдања во Газа, соопшти портпаролот на Стејт департментпт Метју Милер.

„Секретарот го повтори правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право. Двајцата зборуваа за нивните заеднички цели за унапредување на стабилноста и просперитетот во источниот Медитеран и пошироко“, рече Милер.

Во неговата изјава се вели дека „секретарот и премиерот ја истакнаа нивната посветеност за продлабочување на билатералните односи меѓу САД и Грција, како и поддршката на САД за напорите за модернизација на одбраната на Грција, во согласност со барањата за интероперабилност на НАТО“.

Блинкен, исто така, му се заблагодари на премиерот Мицотакис за континуираната помош на Грција за Украина, рече Милер.

XS
SM
MD
LG