Линкови за пристапност

Блинкен на средбата на Г-20 ќе зборува за справување со автократските режими и економската обнова


Државниот секретар на САД, заедно со министрите за надвoрешни работи ќе зборуваат и за пандемијата и климатските промени

Пандемијата на коронавирус, климатските промени и недостигот на храна се теми на денешната агенда на министрите за надворешни работи од групата Г-20, која се среќава во Италија.

Ова е првпат министрите за надворешни работи да се соберат лично од 2019 година.

Стејт департментот соопшти дека државниот секретар Ентони Блинкен ќе го истакне значењето заедно да работат на справување со глобалните предизвици, тема што изминативе месеци претседателот Џо Бајден ја постави како фокус на надворешната политика на САД.

„Мултилатерализмот е нашата најдобра алатка за справување со глобалните предизвици, вклучувајќи ги пандемијата на ковид-19, глобалната здравствена безбедност, климатската криза, одговарајќи на зголемената автократија, и изградба на одржлива економска обнова“, се вели во изјавата.

На денешниот состанок, планот е да се зборува и за проблемите за економски развој на Африка, вклучувајќи родова еднаквост и можности за млади луѓе, како и хуманитарни напори и човекови права.

Италија е последна станица на европското патување на Блинкен, кое вклучуваше и конференција за Либија во Германија, средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, и средба со папата Франциск во Ватикан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG