Линкови за пристапност

Блинкен ќе оди во Париз да ги подобри односите со Франција


Безбедносното партнерство меѓу Австралија, Обединетото Кралство и САД доведе до зголемување на тензиите меѓу трансатлантските сојузници

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен патува во Париз, Франција, првпат по зголеменото безбедносно партнерство меѓу Австралија, Обединетото Кралство и САД, што доведе до зголемување на тензиите меѓу трансатлантските сојузници.

Експертите велат дека очекуваат Блинкен, кој лично е поврзан со Франција, да го искористи патувањето за да се обиде да ги подобри односите меѓу двете држави.

Блинкен ќе го води состанокот на Советот на министри при Организацијата за економска соработка и развој од 5-ти до 6-ти октомври, како и да ја одбележи 60-годишнината од основањето на оваа организација.

Американскиот државен секретар ќе се сретне со францускиот министер за надворешни работи.

„Секретарот Блинкен, исто така, ќе се сретне со француските колеги да ги продолжи разговорите за натамошно зацврстување на релацијата меѓу САД и Франција во однос на разни прашања, вклучувајќи ги климатската криза, економското заздравување од пандемијата на ковид-19, трансатлантската врска, и да работи со нашите сојузници и партнери да ги адресира глобалните предизвици и можности“, изјави Стејт департментот во петокот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG