Линкови за пристапност

Блинкен во Берлин за поддршка и стабилна влада на Либија


На европското патување, исто така, Блинкен ќе отпатува за Франција да се сретне со претседателот Емануел Макрон, да ги продолжи неодамнешните состаноци кои ги имаше претседателот на САД

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен e во Берлин каде треба да има разговори со германските лидери и да учествува на конференцијата за политичката иднина на Либија.

Германија и ОН се домаќини на Берлинската конференција, обидувајќи се да ги надградат претходните напори за воспоставување трајно запирање на борбите во Либија и поддршка за стабилна влада.

„Имаме можност што ја немавме последните години навистина да и помогнеме на Либија да се движи напред како безбедна и суверена земја“, рече Блинкен по утринскиот состанок со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

Зборувајќи пред новинарите заедно со Маас, Блинкен рече дека постои консензус за тоа кои чекори треба да се преземат за најдобро да и се помогне на Либија, главно обезбедувајќи имплементација на примирјето и заминување на странските сили од земјата.

Специјалниот пратеник на САД за Либија, Ричард Норланд, во понеделникот изјави дека конференцијата ќе обезбеди интензитет за чекорите што треба да се преземат наскоро пред изборите да се одржат во декември, вклучително и воспоставување уставна и правна основа за гласањето.

Либија доживеа политичка нестабилност, по бунтот поддржан од НАТО во 2011-та година, кога беше симнат од власт долгогодишниот лидер Моамер Гадафи. Ривалските влади работеа во одделни делови на земјата со години пред договорот за прекин на огнот во октомври, кој вклучуваше барање сите странски борци и платеници да ја напуштат Либија во рок од 90 дена.

„Во однос на странските сили, вие сте сосема во право дека силите сè уште не заминале, а нашата основна позиција е да не чекаме по изборите за да се обидеме да постигнеме одреден напредок во оваа цел“, рече Норланд.

Норланд рече дека оние што присуствуваат на конференцијата во Берлин, исто така, ќе разговараат за „дестабилизирачките активности на вооружени групи и тероризам“, повикувајќи се на неодамнешните напади во Либија од страна на милитантите на Исламска држава.

Бликен и Маас треба да се состанат денес за да се фокусираат на потребата да се спротивстават на оние што го негираат или изобличуваат холокаустот.

Специјалниот пратеник на САД за прашањата на холокаустот Шери Даниелстолд во понеделникот изјави дека промовирањето на поголемо образование за холокаустот, неговите последици и потеклото ќе им помогне на владините службеници и на јавноста „да ги препознаат модерните манифестации на антисемитизам, па дури и други форми на омраза“ и да се спротивстават на нив.

На европското патување, исто така, Блинкен ќе отпатува за Франција да се сретне со претседателот Емануел Макрон, да ги продолжи неодамнешните состаноци кои ги имаше претседателот на САД со сојузниците во регионот за зајакнување на транс-атлантските односи.

Бликен треба да го посети и Ватикан, каде Рикер рече дека агендата на состаноците вклучува борба против климатските промени и трговијата со луѓе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG