Линкови за пристапност

Државниот секретар на САД во ненајавена посета на Авганистан


Блинкен се обиде да ги увери авганистанските власти дека САД сепак ќе останат посветени на Авганистан

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, денес за време на ненајавената посета во Авганистан ги поднесе американските гаранции, разговарајќи за претстојното повлекување на сите 2.500 американски војници до 11-ти септември оваа година

Блинкен се обиде да ги увери авганистанските власти дека САД сепак ќе бидат посветени на земјата каде што се сместени американските трупи од 2001-ва година, по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември истата година.

„Сакав со својата посета да ја демонстрирам постојаната посветеност на САД кон исламската република и народот кој живее во Авганистан“, му рече Блинкен на авганистанскиот претседател Ашраф Гани во претседателската палата во Кабул. „Партнерството се менува, но сепак тоа останува трајно“, додаде тој.

„Ние ја почитуваме одлуката и ги прилагодуваме нашите приоритети“, му рече Гани на Блинкен, изразувајќи благодарност за пожртвуваноста на американските трупи.

Во текот на учеството на САД во Авганистан, повеќе од 2.200 американски војници се убиени, а над 20 илјади се ранети. Се проценува дека САД потрошиле над еден трилион американски долари за војната, најдолгата во Америка.

Според Светска банка, повеќе од половина од Авганистанците живеат со помалку од 1,90 долари на ден. Исто така се смета за една од најлошите земји за правата на жените, според Институтот за жени, мир и безбедност во Џорџтаун.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG