Најмалку едно лице е убиено во самоубиствен бомбашки напад пред комплексот на американската амбасада во Турција. Никој ја нема преземено одговорноста.
Официјални лица велат дека жртвата била Турчин кој бил во обезбедување на амбасадата во Анкара.
Известувач за Турскиот сервис на Гласот на Америка вели дека стражарот бил убиен близу машината за рендгенска проверка на контролниот пункт. Известувачот вели дека безбедносните камери не работеле во тоа време бидејќи немало струја во областа.
Вработен во амбасадата за Гласот на Америка кажа дека амбасадата била затворена и целиот персонал испратен во безбедни соби. Амбулатни возила и пожарникари пристигнале на местото.
Полицијата ја опкружила областа каде се лоцирани уште неколку амбасади. Стручњаци за бомби и полицијата се претпазливи за можноста да има друг напад.
Нападот е втор на американски дипломатски канцеларии во Турција за последниве пет години. Во 2008, тројца вооружени лица и тројца полицајци беа убиени во напад пред американскиот конзулат во Истанбул.
Инаку, Амбасадата на Република Македонија се наоѓа во квартот каде што се наоѓа и амбасадата на САД. „Нема никакви штети на објектот на македонската амбасада", изјави за Гласот на Америка амбасадорот на РМ во Анкара, Горан Тасковски. На прашање на нашиот известувач дали амбасадата е под зголемено обезбедување, Тасковски одговори дека во цела Анкара владеат засилени мерки на обезбедување.