Линкови за пристапност

Кој е новиот градоначалник на Њујорк?


Бил де Блазио го стави градот под контрола на Демократската партија за прв пат по 20 години.

„Знам дека сакате прогресивна промена. Знам дека сакате одмор од годините на Блумберг“, рече Бил де Блазио, сегашен јавен адвокат, кој им се допадна на гласачите со неговата популистичка агенда и неговото семејство од мешана раса - неговите две деца и африканско-американска сопруга, Ширлејн Мекреј, за која вели дека ќе има важна улога во неговата администрација.

Некои набљудувачи велат дека телевизиска реклама во која е неговиот син Данте, со оргомна афро-фризура, на Блазио му дала голема помош во мултиетничкиот Њујорк. Тоа било добредојдено кај некои лути жители во врска со она што го нарекуваат расно-дискриминаторска пракса на полицијата позната како „запри и пребарај“.

Гласачите велат дека политиката на де Блазио е тоа што ги привлекло. Еден изјави дека тој може да се поистовети со обичниот човек, дека не е само од друга партија, туку сосема друг кандидат“.

Републиканскиот противкандидат на де Блазио Џо Лота, поранешен заменик градоначалник, кој се појавуваше со поранешниот градоначалник Руди Џулијани во последните денови на кампањата. Лота одеше со кампања која се засноваше на мотото дека криминалот во Њујорк под либералниот де Блазио ќе се зголеми.

„Бил де Блазио гласаше да повлече над 5.000 полицајци од улиците. Одговорот на Блазио за криминалот со моторџиски банди беше – посетете ги клубовите на моторџиите и разговарајте со нив! Бил де Блазио има неодговорно опасна агенда што ќе не` уназади.“

Иако и Лота имаше свои приврзаници, тој влезе во трката со застој зад де Блазио и никогаш не го стигна. Де Блазио одржа предност од 40 поени на републиканскиот противник. Следниот градоначалник на Њујорк ќе биде инаугуриран на 1-ви јануари.
XS
SM
MD
LG