Линкови за пристапност

Македонскиот тенор Благој Нацоски ја сними “Македонско девојче“ во карантин во Италија


Македонскиот тенор Благој Нацоски ја сними “Македонско девојче“ во карантин во Италија
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:17 0:00

Во време на пандемија на коронавирусот најпознатиот македонски тенор го замени настапот во најпрестижните светски оперски куќи со снимање песни од дома и нивно постирање на социјалните мрежи, за како што вели да пренесе позитивна енергија до публиката

Ентузијазмот се враќа во Италија, вели најпознат македонски тенор во светот Благој Нацоски кој живее во Џенова, велејќи дека по речиси два месеци строги карантински мерки во Италија најмногу му недостигаат светските оперски сцени каде вообичаено настапува.

„Во последните денови ситуацијата значително се подобрува. Од 4-ти мај имаме олеснување на мерките. Временските услови додаваат посебен шарм, бидејќи овде е буквално лето. Времето е прекрасно, а јас живеам веднаш до морето. Ни требаше вакво нешто по два месеци локдаун. Како да гледам дека се враќа ентузијазмот кај луѓето. Важно е да се врати духот, бидејќи толку долг карантин не е добар пред се од духовна гледна точка. Намалувањето на бројот на заболени и починати покажува дека состојбата оди кон подобро, но многумина се загрижени за својата егзистенција, за работните места.. Од таа гледна точка сме далеку од комплетна нормализација. Се разбира дека животот е веќе сменет“, вели Нацовски.

Во време кога вели дека многу му недостигаат и Миланската скала и Њујорк Сити операта, но и сите останати оперски куќи каде настапува, поради тоа што не може да се патува, тој сепак ја одржува комуникацијата со својата публика, работи на видеа, дуети, ги постира на социјалните мрежи.

„Најискрено, сцената, Миланската скала, Њујорк сити опера и сите театри каде настапувам се нешто што навистина ми недостига. Ми недостига би рекол тој мирис на тие штици кој што е ист во сите театари во светот, ми недостига адреналинот што се покачува во текот на една оперска претстава или концерт.

Ми дојде некако на природен начин во овие моменти да снимам видеа на кои што пеам и да ги постирам на социјалните мрежи. Сакам на луѓето да им пренесам една убава енергија. Сепак, музиката е нешто убаво. Реакциите на публиката преку социјалните мрежи беа толку позитивни што ми даде ентузијазам тоа да го правам скоро секој ден“, вели тој.

Така во актуелните услови кога битката со Ковид не е завршена, Нацоски ја сними и „Македонско девојче“.

„На пример „Македонско девојче“ е песна која што не сум ја отпеал јавно досега, а е една од најпознатите македонски традиционално песни. Решив токму за Гласот на Америка на македонски премиерно да ја снимам токму таа песна, особено посветена на сите припаднички на женскиот пол кои што го гледаат Гласот на Америка на македонски.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG