Линкови за пристапност

„Црните дупки“ почести отколку што се мислело


По откривањето на Супер масивната црна дупка, пред научниците е голем предизвик.

Научниците открија Супер масивна црна дупка во осамен дел на универзумот, што укажува дека може тие да се почеста појава отколку што претходно се мислеше.

Гигантската црна дупка е откриена од страна на астронаути од Универзитетот Беркли во Калифорнија.

Супер масивната црна дупка го доби името поради тоа што има големина што е околу десет милијарди пати поголема од Сонцето.

До сега астронаутите се обидувале да ги најдат во јадрото на галаксијата, во многу фреквентните места.

Најголемата до сега откриена црна дупка, со големина еднаква на околу 21 милијарди сонца е пронајдена во густиот дел на вселената, наречен Кома Кластер.

Новата, со големина од околу 17 милијарди сонца, е пронајдена во релативно пуст дел од вселената, во галаксијата наречена НГЦ 1600.

За астронаутите од Универзитетот Беркли тоа беше како наоѓање на облакодер во средина на поле со пченка.

Тие велат ако може да се случи да има црна дупка во астрономска пустелија, тогаш овие „чудовиштва кои ја јадат светлината“ можно е да ги има многу повеќе отколку што се мисли.

„Прашањето е дали е ова врвот на сантата мраз?“, прашува професорот по астрономија од Универзитетот Беркели, Чанг-Пеи Ма. „Можеби има многу повеќе огромни црни дупки во вселената, кои не живеат во облакодер во Менхетан, туку во висока зграда некаде во рамнините на среднозападниот дел на земјата“, вели тој.

Информацијата е многу важна за тимот, бидејќи се претвори во многу поголем проект наречен MASSIVE предводен од Ма, што е проучување на најголемите галаксии и црни дупки во локалната вселена со цел да се разбере како се формираат и растат.

Нивната цел е буквално да ги мерат ѕвездите, темната материја и црните дупки во блискиот универзум.

Ова истражување е публикувано во весникот „Природа“.

XS
SM
MD
LG