Линкови за пристапност

Со „Црниот петок“ започнува божиќната сезона на купување во САД


Купувачите често уште во текот на ноќта спроти „Црниот петок“ чекаат пред продавниците за да влезат први и да купат што повеќе производи пред залихите да се потрошат

Петокот по Денот на благодарноста е традиционално еден од најважните денови за купување во годината. „Црниот петок“ се смета за почеток на сезоната на празници, време кога американските трговци остваруваат значителен дел од годишниот профит.

Многу продавници нудат големи попусти со цел да привлечат што повеќе потрошувачи. Купувачите пак често уште во текот на ноќта спроти „Црниот петок“ чекаат пред продавниците за да влезат први и да купат што повеќе производи пред залихите да се потрошат.

„Мислам дека тоа е многу добар продажен трик“, вели Џејмс Е. Шрегер, професор по претприемништво на Школата за бизнис на Универзитетот во Чикаго. „Трговците на мало се грижат кога ќе го привлечат клиентот во својата продавница за оваа огромна сезона на купување да му го покажат она што го нудат.“

Стоковната куќа Мејсис се верува дека е првиот малопродажник кој што почнал да рекламира шопинг по Денот на благодарноста за време на нивната парада за Денот на благодарноста во Њујорк во 1924 година.

Купувањето на „Црн петок“ станало особено популарно во 1930-тите години.

„И покрај интернет трговијата на мало бројките покажуваат дека 89 проценти продажбата се врши во редовни продавници“, вели Шрегер.

Тој вели дека купувањето преку Интернет не го намалило значењето на „Црниот петок“ за малопродавачите кои тргуваат во физички продавници.

Онлајн продажбата учествуваше со само 11,2 проценти во вкупната продажба во третиот квартал од 2019 година, покажуваат податоците на Министерството за трговија на САД. Во текот на изминатите 10 години, има раст помал од еден процент годишно во трговијата на мало преку Интернет. [[https://www.census.gov/retail/mrts/www/data/pdf/ec_current.pdf ]]

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG