Линкови за пристапност

Големи очекувања од сезоната за шопинг


Трговците очекуваат профитабилен Црн петок
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Ако се цени според состојбата на американската економија, трговците годинава можеби ќе добијат ран божиќен подарок

Трговците предвидуваат дека близу 164 милиони Американци, што е околу 70% од населението во САД, ќе излезат на шопинг викендов. Ако ова се оствари, според NationalToday.com, што ги следи комерцијалните импликации на различни празници и настани во светот, "Црниот петок" годинава ќе биде голем успех.

Најголемата трговска асоцијација во САД, вели дека Американците до крајот на декември, ќе потрошат во просек 967 долари по човек. Од асоцијацијата додаваат дека ова е најголема бројка од пред 15 години, откако почнале да ја водат оваа евиденција.

Таквото расположение трговците сакаат да го искористат - ги продолжуваат работните часови и нудат големи попусти.

Но инсајдери велат дека голем број производи се продаваат под реалната цена за да се привлечат купувачи во продавниците.

Интересот за тие производи, најчесто скапи електронски уреди за кои има голема побарувачка, често преминува во турканици. Тоа е причината што ваквите понуди се` повеќе можат да се најдат на интернет. Аналитичарите велат дека за прв пат таа продажба може да надмине 100 милијарди долари.

Се` на се`, се очекува Американците да потрошат до 680 милијарди долари за оваа празнична сезона, а голем дел од тоа во наредните неколку дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG