Линкови за пристапност

Почна „Црниот петок“


Се однесува на денот кога бизнисите имаат профит или од црвено салдо, одат во црно, или заработка

Традиционално, веднаш по Денот на благодарноста, почнува таканаречениот „црн петок“, кога продавниците ширум САД нудат големи намалувања на цените на своите производи.

Од Флорида, до Охајо и Калифорнија, купувачите се во редици и буквално кампуваат пред продавниците и трговските центри кои за празникот ги отворија вратите во 6 часот наутро, а некои и во четвртокот попладне.

Од познатиот синџир стоковни куќи „Мејсис“, рекоа дека пред продавницата на Менхетен во Њујорк имало околу 16.000 луѓе.

„Црниот петок“ значи почеток на сезоната за шопинг во САД. Се однесува на денот кога бизнисите имаат профит или од црвено салдо, одат во црно, или заработка.

XS
SM
MD
LG