Продавниците, меѓу кои „Волмарт“ и „Бест бај“, го променија начинот на шопинг за таканаречениот Црн петок, назначувајќи лица во портокалови елеци да работат како сообраќајни полицајци, да им мерат температура на муштериите, како и да им ги подаваат однапред нарачаните производи, како играчки, велоспиеди и кујнски апарати, објави Ројтерс.
Повеќето големи продавници затворија на Денот на благодарноста годинава, поради пандемијата на коронавирус.
Традиционално, Црн петок го означува почетокот на празничната шопинг сезона во САД, кога продавниците нудат големи попусти и прават значителен профит.
Но, како последица на пандемијата, годинава, повеќето продавници понудија промотивни цени за зимската сезона уште од октомври, за да можат да направат профит што е можно порано.
Националната федерација на продавници, предвидува дека продажбата за празничната сезона во САД ќе се зголеми за меѓу 3,6 и 5,2 проценти во споредба со 2019 година, или вкупно околу 766,7 милијарди долари.
Центрите за контрола и превенција на болести предупредија дека одењето на шопинг пред и после Денот на благодарноста претставува голем ризик.
Повеќе од половина од американските купувачи се очекува да купуваат онлајн овој Црн петок, и покрај 75 отсто од потрошувачите, кои годинава порано почнаа да ги користат празничните попусти.
Facebook Forum