Линкови за пристапност

Денес е Црн петок - Амазон прва дестинација за шопинг


Повеќето продавници почнаа со работа раноутринава, за да ги привлечат муштериите со добри понуди

Црн петок, кој следи веднаш после Денот на благодарноста, традиционално ја отвора сезоната на шопинг во САД.

На овој ден, продавнците очекуваат да го зголемат профитот, симболично од црвена фаза или фаза на долгови, во црна фаза или време кога се заработуваат пари.

Повеќето продавници почнаа со работа рано утринава, за да ги привлечат муштериите со добри понуди.

Некои дури работеа за Денот на благодарноста, први отворајќи ја сезоната.

Црн петок обично е најголемиот ден во годината за шопинг во САД.

Националната трговска асоцијација пресметува дека 69 отсто или 164 милиони луѓе, ќе ги искористат понудите во продавниците и на интернет.

Неодамнешна студија покажа дека Амазон е број еден дестинација за луѓето да почнат со нивното празнично пазарување.

Аналитичарите велат дека Амазон се очекува да заработи половина од празничниот профит оваа сезона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG