Линкови за пристапност

Истрага за пожари во афроамерикански цркви ширум САД


Засега нема знаци дека се поврзани, а за три од нив се верува дека се подметнати

Американските федерални власти соопштија дека започнале истрага за серија пожари во претежно афроамерикански цркви. Сите се случиле изминативе неколку дена, но засега нема индикација дека се поврзани.

Истрагата ја водат Федералното истражно биро и Бирото за алкохол, тутун, оружје и експлозиви. Пожарите се случиле во шест цркви од пет сојузни држави.

Според Јужњачкиот правен центар за сиромаштија, организација за граѓански права којашто ги документира злосторствата сторени од омраза, три од шесте пожари навидум се подменати. Па сепак, иако трите пожари во цркви во Тенеси, Џорџија и Северна Каролина можеби се намерни, не е веројатно дека биле подметнати и планирани од иста инстанца, според претставникот на Центарот, Марк Поток.

Пожарите уследија во деновите по нападот врз историската афроамериканска црква во Чарлстон, Јужна Каролина и убиството на деветмина верници. Осомничениот напаѓач Дилан Роф на Интернет поставил свои фотографии со симболи за надмоќност на белата раса и расна омраза.

XS
SM
MD
LG