Линкови за пристапност

Жените ќе имаат платена контрацепција


Американските законодавци со тесно мнозинство го отфрлија обидот за ревизија на делот на здравствената реформа на претседателот Барак Обама што се однесува на контролата на раѓањето.

Сенатот под контрола на демократите ја отфрли мерката на републиканците со 51 спрема 48 гласови. Таа требаше да им дозволи на работодавците и осигурителните компании да имаат опција на изземање од законот што го сметаат за морално проблематичен.

Во фокусот е одредба на законот за здравствена реформа што бара речиси сите работодавци кои обезбедуваат здравствено осигурување да ги покриваат трошоците за контрацепција на жените.

Верските групи силно се спротивставуваа на законот, велејќи дека ќе ги натера да ги прекршат своите религиозни уверувања. Претседателот Обама, минатиот месец, во напор да ја смири контроверзата, соопшти дека верски поврзани организации нема да бидат принудени да плаќаат за контрацепција, туку здравствените осигурителни компании ќе ги покриваат тие трошоци.

XS
SM
MD
LG