Стапката на наталитет во САД е на најниско ниво последниве 30 години, според податоците на американската влада.
Истражувањата од Центрите за контрола и превенција на болести, покажуваат дека оваа стапка се намалила за сите групи: тинејџери, жени во нивните 20-ти и 30-ти години.
Минатата година во САД имало 3,853 милиони новороденчиња, што е најниско од 1987-ма година. Вкупниот број за 2017-та година изнесувал 92,000, што е пониска бројка споредено со 2016-та година.
Експертите велат дека неколку фактори би можеле да влијаат врз падот. Една можна причина - младите брачни парови избираат да имаат помалку деца подоцна во животот, ако воопшто и се одлучат да имаат деца.
Друг фактор може да биде и промената на трендот кај имигрантите. Азијатите, на пример, имаат тенденција да имаат помалку деца отколку другите имигрантски групи.
Според „Лајф-сајантс“, веб-страница за научни информации, една причина може да биде и долготрајната економска нелагодност, која многу Американци ја чувствуваат како последица од Големата рецесија.
„Луѓето се чувствуваат навистина несигурни за иднината“, изјави Каен Бенџамин Гузо, помошник-директор на Центарот за семејни и демографски истражувања од Охајо. „И, тоа генерално влијае на одлуката да немаат деца“.
Според Асошиетед прес, Центрите за контрола и превенција на болести утврдија:
• Стапката на раѓања кај жените на возраст од 15 до 44 години, е намалена на рекордно ниско ниво. Од 1.000 жени, само 60 се одлучуваат на бременост.
• Жените во раните 40-ти години беа единствената група со повисоки стапки на наталитет (во 2017-та година, пораст од 2 процента. Оваа стапка расте од почетокот на 1980-тите години.
• Стапките на предвремено родени или бебиња родени со мала килажа се зголемува трета година по ред, најверојатно од истата причина.
• Стапките на породувања кај тинејџерите продолжува да опаѓа, како од почетокот на 1990-тите години на минатиот век. Во 2017-та година, опаднала за 7 отсто споредено со 2016-та година.
• Овие стапките за жените на 20-годишна возраст, продолжија со рекорден пад - за 4 отсто.
Можеби повеќе изненадувачки е што стапката на наталитет кај жени на 30-годишна возраст бележи благ пад, намалувајќи се за 2 процента.
Facebook Forum