Линкови за пристапност

Птичјиот грип – пандемична закана


Научниците велат дека вирусот Х5Н1има потенцијал за инфекција и ширење меѓу луѓето до размери на катастрофална глобална пандемија.

Во серија написи објавени во списанието Наука, истражувачите опишуваат како вирусот на птичји грип e способен да прескокнува од еден на друг вид и да се пренесува преку воздух меѓу цицачите, вклучувајќи ги и луѓето.

Холандски и британски истражувачи правеле експерименти со ласици, мали животни што се добар модел за човечки болести. Научниците нашле дека можат да ги инфицираат нивните горни дишни патишта со мутиран Х5Н1 вирус. Научниците велат дека ниедна од ласиците не умрела.

Водени од генетичките студии на вируси што предизвикале пандемии на грип во 1918, 1957 и 1968, истражувачите идентификувале генетички промени што би биле потребни за глобално ширење на Х5Н1. Тие заклучиле дека се потребни само пет мутации за вирусот на птичји грип да премине на друг вид, и да стане заразен меѓу цицачите.

Дерек Смит е со Универзитетот Кембриџ во Англија и Меѓународниот центар за здравје Фогарти близу Вашингтон.

Смит користел математички модел за одредување дали постојниот вирус може природно да ги добие мутациите потребни за станување на пандамична закана за луѓето. Во брифинг за новинарите на телеконференција Смит кажа дека научниците сега знаат дека тоа е можно:

„Ова малку личи на ситуација кога сите би сакале, на пример, да предвидиме земјотрес или цунами. Сега знаеме дека живееме на трусно подрачје“.

Но, според Смит, тешко е да се предвиди кога Х5Н1ќе се појави, развивајќи преостанати мутации или генетички субституции кај птиците што може да го направат вирусот на птичји грип пренослив на луѓе:

„Тоа е како да велиме – дали некогаш може да паѓа снег во Сахара? Кога било. Покажуваме дека е можно. Не гледаме никаква пречка тоа да се случи“.

Истражувачите велат дека е потребно натамошно истражување за да се предвиди преносливоста на вирусот на птичји грип.

Друг труд, штотуку објавен во Наука, изнесува стратегии за подготвување за пандемија на птичји грип, вклучувајќи вакцинирање со постоечките вакцини на Х5Н1 за да се подготви имунитетниот систем пред пандемија да се случи. Истражување е во тек за правење големи количини на вакцината специфично против овој вирусен грип.

Рон Фушеј е виролог во Универзитетот Ерасмус во Холандија и ко-автор на студијата за трансмисија на Х5Н1.

Коментирајќи на одлуката на истражувачите минатата година да го почитуваат барањето на владата да не се објавуваат наоѓањата до сега, Фушер вели дека евентуални терористи можеле да добијат информација во секое време за други патогени кои се посмртоносни и полесно преносливи отколку вирусот на птичји грип.

Друг труд е објавен во мај, во журналот Наука, од јапонски истражувачи кои идентификувале генетски мутации што може да водат до пренос на Х5Н1 меѓу различни видови и да станат закана за луѓето.
XS
SM
MD
LG