Линкови за пристапност

Откриен заговор за шверц на птици


Федералниот суд во Њу Орлеанс обвини петмина за наводен заговор за криумчарење 90 птици од загрозен вид, во Тајван.

Меѓу птиците имало папагали од родот на макави, кокатуси и корели.

Птиците се заштитени со Конвенцијата за меѓународна трговија од загрозен вид.

„Овие обвиненија покажуваат дека сме определени за заштита на животинскиот свет и решени сме да ги гониме оние што се занимаваат со нелегална трговија на истите“, рече помошникот генерален правобранител Џефри Вуд.

Осомничените, наводно, спакувале некои од птиците во лажно означени гајби и поднеле лажни документи на службите во Њу Орлеанс.

Агентите заплениле дел од птиците на аеродромот во Хјустон, Тексас, пред да бидат испратени за Тајван.

Одделот за правда го нарече шверцот со диви животни сериозен криминал кој им штети на загрозените видови насекаде низ светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG