Линкови за пристапност

СЗО: Од птичји грип во Кина умреле 22 лица


СЗО и кинеските здравcтвени претставници велат дека напорите за подобро разбирање на новиот вирус на болеста се се` уште во рана фаза.

Највисокиот претставник на Светската здравствена организација вели дека новиот вид на птичји грип во Кина убил 22 лица и се проширил низ седум провинции и општини.

Кеиџи Фукуда во среда кажа дека вирусот Х7Н9 е „невообичаено опасен вирус за луѓето“.

Тој кажа дека нема доволно докази дека вирусот може лесно да се шири од човек на човек. Тој забележа дека е многу полесно да се прошири од живина на луѓе отколку почестиот вирус на птичји грип Х5Н1.

Фукуда е дел од тимот на СЗО што е во Кина да дознае повеќе за Х7Н9, вирус од кој се инфицирани над 100 лица во таа земја.

СЗО и кинеските здравтвени претставници велат дека напорите за подобро разбирање на новиот вирус на болеста се се` уште во рана фаза.

Кинеските власти истражуваат дали долготрајно и незаштитено изложување на инфицирана личност, како член на семејството, може да резултира во пренос од лице на лице.
XS
SM
MD
LG