Линкови за пристапност

Уапсен зетот на Бин Ладен, според медиумски извештаи


Сулејман Абу Раит е поранешен портпарол на Ал-Каида.

Медиумите јавуваат дека американски разузнавачи го фатиле зетот на Осама бин Ладен, Сулејман Абу Раит.

Турски бесник објави дека поранешниот портпарол на Ал-Каида најпрвин бил откриен минатиот месец во луксузен хотел во Анкара. Според весникот, тој потоа бил депортиран во Јордан, каде го презеле агенти на ЦИА.

Турските власти одбија да го коментираат тврдењето на весникот.

Осама бин Ладен, организаторот на терористичките напади врз САД 2001-ва, беше елиминиран во акција на американски командоси во Пакистан 2011-тата.
XS
SM
MD
LG