Линкови за пристапност

Козби прогласен за виновен


Познатиот комичар Бил Козби, е виновен по три основи за сексуален напад

Судија во Пенсилванија ова го објави денеска, а инцидентот за сексуална злоупотреба се случил во 2004-та година во неговиот дом во предградие на Филаделфија.

Осумдесетгодишниот Козби се соочува со можна затворска казна од по 10 години, за секоја од основите.

Неговиот адвокат кажа дека „битката не е завршена“.

Обвинението против Козби беше едно од првите во ерата MeToo, кога моќни мажи од бизнисот, филмската индустрија, медиумите и академските кругови беа обвинети за сексуална злоупотреба.

Козби беше обвинет од преку 60 жени за сексуална злоупотреба која се случувала во период од неколку децении.

Глориа Алрид, адвокатката на жените кои сведочеа против Козби рече дека „Ние сме многу среќни и горди на резултатот. Конечно им се поверува на жените. И затоа сме благодарни на поротата.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG