Лицата коишто течно говорат повеќе од еден јазик полесно апсорбираат информации отколку оние што говорат само на еден.
Истражувачката Виорика Маријан од Школата за комуникации на Универзитетот Саутвестерн во Иванстоун, сојузната држава Илиноис, тврди дека двојазичниот мозок постојано одбира кој јазик да го користи, а кој не. Маријан во 1999-та го предложи ваквиот коцепт, нарекувајќи го коактивација. Нејзиното најново истражување, објавено во журналот Мозок и Јазик, користи прикази со магнетна резонанца за тестирање на валидноста на концептот. Доброволци учествувале во експеримент на препознавање на зборови. Следејќи го протокот на крвта, што е мерка колку напорно функционира мозокот за време на експериментот, Маријан утврдила на лицата коишто говорат само на еден јазик им требало повеќе напор за да ги идентификуваат вистинските зборови.
Мозоците на оние кои говорат двојазично се поефикасни, наведува таа, затоа што имаат подобар учинок во инхибиторната контрола, постојано филтрирајќи ги ирелевантните зборови. „Користењето на друг јазик“, вели таа, „му овозможува на мозокот вежба за надградување“. Таа смета и дека ваквите наоди може да објаснат зошто двојазичноста наводум помага во запирање на Алцхајмеровата болест и деменцијата. Други истражувања сугерираат и дека двојазичните деца полесно од другите се справуваат со вревата во училница.