Линкови за пристапност

Со голотија – за чист воздух!


Со голотија – за чист воздух!
Со голотија – за чист воздух!

Второ 10-километарското годишно рели во Филаделфија, познато под името „Гола велосипедска трка“.

Стотици целосно голи или пак делумно облечени велосипедисти неделата минаа низ улиците на Филаделфија во обид да го свртат вниманието на јавноста на животната средина.

Организаторите велат дека целта на голата поворка била да се поттикне „совесно трошење на горивото“, односно употреба на велосипеди наместо автомобили во сообраќајот.

Ова е по вторпат да се изведува 10-километарското годишно рели во Филаделфија, познато под името „Гола велосипедска трка“. Полицијата будно го следеше настанот и соопшти дека не примила поплаки за несоодветно однесување.

Организацијата „Светска гола велосипедска трка“ информираше дека помага во организација на слични настани во 70-тина градови во светот.

XS
SM
MD
LG