Линкови за пристапност

Џастин Бибер со нови законски проблеми


Тинејџерската поп ѕвезда обвинета во Канада и во САД

Поп пејачот Џастин Бибер во среда беше обвинет за напад, заради наводно удирање на возач на лимозина во Торонто, додавајќи на низата проблеми со законот за тинејџерската ѕвезда.

Деветнаесетгодишниот Канаѓанец се пријавил во полициска станица во Торонто во средата додека толпа фотографи и обожуватели се собраа околу него и неговиот тим за обезбедување и покрај ниските температури.

Адвокатот на Бибер подоцна на новинарите им кажа дека неговиот клиент ќе се произнесе невин кога ќе се појави пред суд во Торонто на 10-ти март.

Обвинението произлегува од инцидент на 30-ти декември, во кој возачот со лимозина го земал Бибер и пет други лица од ноќен клуб во Торонто. Возачот подоцна излегол од возилото и повикал полиција откако наводно бил удрен во главата неколку пати.

Исто така во среда, Бибер кажа дека не е виновен во американската држава Флорида заради возење под влијание на алкохол и лекови кои се даваат на рецепта, за пружање отпор при апсење и возење со истечена возачка дозвола. Бибер беше уапсен порано месецов откако полицијата го фати како се трка на улица во населба во Мајами, Флорида.

Полицијата кажа дека употребувал навредлив јазик спрема полицајците за време на апсењето и дека подоцна признал дека пиел алкохол, пушел марихуана и земал лекови препишани на рецепта.
XS
SM
MD
LG