Линкови за пристапност

САД: Русија „повеќе ќе ја чини“ ако не помогне на стабилизирање на украинската криза


Американскиот потпретседател кажа дека од Русија се бара да го искористи своето влијание да помогне во запирање на насилството во Украина

Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека САД ќе работат со партнерите за поставување „натамошни трошоци за Русија“ доколку не го искористи своето влијание да помогне во запирање на сепаратистичкото насилство во источна Украина.

Белата куќа кажа дека Бајден во среда зборувал по телефон со украинскиот претседател Петро Порошенко, и дека двајцата ветиле да „бидат во контакт“ пред средбата на лидерите на Европската унија следната недела.

САД и ЕУ поставија санкции спрема група руски поединци и компании откако Русија го припои островот Крим во март.

Про-руски сепаратисти со месеци притискаат со бунтовништво во источна Украина, за што ОН во средата кажа дека инволвира убиства, тортура и киднапирања за креирање „клима на страв“.

Гиани Магазени, претставник за човекови права во ОН, кажа дека ситуацијата креирала предизвици за оние зафатени со борбите.

Шефицата за човекови права на ОН Нави Пилеј, ги поттикна вооружените сепаратисти да престанат со акции за кои таа вели дека водат кон беда и пустош во Донецк и Луханск. Таа вели дека „дошло време да се остави оружјето и да се разговара“.
XS
SM
MD
LG