Линкови за пристапност

Бајден го посети Кипар


Американскиот потпретседател го поддржа мировниот процес на островот

Американскиот потпретседател Џо Бајден во посета на Кипар покажа поддршка за долгиот и неуспешен досега мировен процес на островот.

Бајден во средата навечер имаше вечера со претседателот на Кипарските Грци Никос Анастасиадес.

Американскиот потпретседател исто така планира да се сретне со лидерот на Кипарските Турци Дервиш Ерголу. Бајден вели дека средбата со Ерголу не значи дека САД ја признаваат државата на Кипарските Турци. Бајден вели дека на Кипар има „само една легитимна влада“ – на јужниот, грчки дел на Кипар, и дека неговата посета тоа нема да го промени.

Кипар е поделен на грчки јужан и северен турски дел од 1974, кога турските трупи извеле инвазија по пучот чија намера била да се обедини островот со Грција.

Години на мировни разговори спонзорирани од ОН покажаа само скромен напредок.
XS
SM
MD
LG