Линкови за пристапност

Бајден: САД ја поддржуваат Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден им кажа на украинските лидери дека САД стојат со нив во очи на тоа што го нарече „срамни закани“.

Бајден е во Киев на средба со вршителот на должност претседател на Украина Олександр Турчинов и привремениот премиер Арсениј Јаценјук додека тензиите во источна Украина не покажуваат знаци на смирување.

Бајден кажа дека новата украинска влада има можност да креира обединета држава. Но тој ги предупреди Украинците дека тие прво мораат да се справат со ткако што рече „ракот на корупција“.

Бајден исто така рече дека САД се подготвени да и` помогнат на Украина да стане енергетски независна и да не зависи од природниот гас на Русија.

Во меѓувреме, Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносното пукање на контролен пункт во прорускиот градград Славјанск, што го прекина примирјето на Велигден. Три лица беа убиени.

Американскиот Стејт департмент објави фотографии за кои вели дека покажуваат руски специјални сили во источна Украина. Фотографиите американските претставници ги добиле од украински дипломати.

Русија негира дека има војници во Украина и вели дека сите проруски сепаратисти се локалци.
XS
SM
MD
LG